Ново рочиште за случајот „Титаник”

од Берта Китинска

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник”.

Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, тој сè уште е во фаза на доказна постапка.

Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.

Судењето во овој случај го води судијата Осман Шабани, а обвинението е застапено од обвинителката Лиле Стефанова.

Слични содржини