Ново шокантно убиство во САД: Латиноамериканец бил убиен од полицијата со 5 куршуми додека клечел (видео)

од Nikola Popovski

Нова жртва на полицијата во САД е 22-годишниот латиноамериканец Шон Монтероза.

Тој бил клекнат откако бил застрелан од автомобил од полицаец во округот Валехо. Пукањето се случило во вторникот наутро, откако полицајците спречиле разбојници да опустошат продавници.

Прес-конференцијата на новинари во Валехо била нагло прекината поради лутите граѓани.

Началникот на полицијата, Шови Вилијамс, вчера изјавил дека полицаецот верувал во џебот на Шон има пиштол, па затоа тој отворил оган.

„Оваа личност се чинеше дека трча кон црната лимузина, но одеднаш застана, заземајќи позиција на колена и ги става рацете над половината, при што се видело нешто што изгледа како пиштол“, изјавил началникот на полицијата Валејо, Шони Вилијамс.

Изгледа дека сепак не било пиштол.

Монтероза во џебот од дуксерот носел чекан долг 15 центиметри.

„Поради претпоставената закана, еден полицаец испукал пет истрели од полициско возило низ шофершајбната, погодувајќи го лицето“, изјавил Вилијамс.

Полицаецот кој го застрелал младиот човек, ветеран со 18 години работно искуство, бил испратен на административен одмор.

Валехо веќе беше поделена заедница по смртта на еден млад Афроамериканец минатата година.

Вили Меккој, 20-годишен рап-уметник, спиел во неговиот автомобил, кога шест полицајци во Валехо го застрелале.

Слични содржини