Ново видео и слики од Mate 20 Pro

од Vlatko K

Октомври ќе биде исполнет со толку многу нови телефони што очекуваме интересни вести речиси секој ден од Razer, LG, HMD Global (Nokia), Honor, OnePlus, Google и Huawei. Последните го избраа 16 октомври за премиерата на првиот паметен телефон со чипсет Kirin 980, но однапред дознаваме повеќе за неговите карактеристики. Додека го чекаме настанот во Лондон, голем број нови фотографии на Huawei Mate 20 Pro и некои од официјалните додатоци за него се појавија на Интернет. Сликите беа објавени од страна на SlashLeaks и го покажуваат Huawei Mate 20 Pro со Smart View, PU паричник и силиконско куќиште.

Покрај тоа, фотографиите обезбедуваат подобар преглед на безжичниот полнач на компанијата и нов тип на мемориска картичка која е развиена од страна на кинеската компанија. Последното е особено интересно и потврдено од XDA Developers, кои посочуваат дека NM картичката всушност е SD картичка, но се уште нема повеќе детали. Импресионира дека неговата форма е како нано СИМ, а текстот на врвот открива дека има капацитет од 128GB и поддржува брзина на трансфер од 90MB / s. Ова е во согласност со класификацијата SD Association како потребна брзина за снимање на видео со 4K резолуција или повисоко.

Сликите потврдуваат дека Huawei Mate 20 Pro ќе поддржи безжично полнење и ќе има поширок исечен дел на екранот. Ова значи дека Mate 20 ќе понуди помал пресек, во однос на она што го видовме порано. Ова е потврдено со кратко видео кое го прикажува Mate 20 со тројна главна камера и со сензор за отпечатоци под него. Маските за Mate 20 Pro немаат отвор за сензор на задниот капак, што сугерира дека тој може да е вграден во екранот.

Безжичниот полнач обезбедува полнење на 15W и го поддржува Qi стандардот. Напојувањето се случува преку USB Type-C порта (од очекуваниот 40 ватен полнач на Huawei), а врз горната површина има силиконски слој за спречување на оштетување на стаклената плоча. Според информациите, полначот може да открие поставување врз него на други објекти како лични карти, клучеви и монети, со цел да го исклучи доводот на енергија. Неодамна видовме и слики на безжичните слушалки Freebuds 2 Pro чиј футрола со вградена батерија ќе може да се полни од Mate 20 Pro.

Слични содржини