Ново ВИДЕО од пожарот во модуларната болница, се слушаат експлозии

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појави нова аматерска видео-снимка од катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово. На снимката се гледа дека додека трае пожарот, има и неколку експлозии, веројатно од кислородот. Се слушаат и лелек и пискотници.

Во несреќата загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца граѓани кои биле придружба на пациентите.

Поради пожарот, оставки од морални причини поднесоа министерот за здравство, Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, директорот на тетовската клиничка болница, Флорин Бесими и економскиот директор на болницата, Артан Етими.

Владата пред неколку дена соопшти дека била потврдена поддршката од Германија за да пристигнат стручни лица во земјава со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Слични содржини