Ново ВИДЕО од српското собрание: Како пратениците тргнаа во пресметка со Вучиќ?

од Nikola Popovski

Речиси цел ден е бурно во српското Собрание, каде претседателот Александар Вучиќ од 10 часот го презентира извештајот за Косово. Биле кажани груби зборови, по што Вучиќ прилично се изнервирал, со што на крајот резултирало со хаос, туркање и тепачка на седницата, информира српска „Нова“.

По обраќањето на претставниците на опозицијата, на кое реагирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прво дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата, кои тргнале токму накај српскиот претседател.

-Во исто време додека траеше дискусијата и расправата, сите пратеници од опозицијата станаа и покажаа транспаренти пред Вучиќ и рекламираа за кршење на деловникот.

Додека траеше дискусијата меѓу претседателот и опозицијата, Вучиќ рече дека опозицијата нема поим за Косово и барикадите… Потоа настана хаос.

Во кавгата и инцидентот меѓу опозицијата и власта, камерата која снимала директно од местото на „злосторството“ го снимила моментот кога пратеникот Миленко Јованов почнал да ги навредува опозициските претставници, при што биле користени навредливи зборови, пишува српска „Нова“.

Фото: Printscreen RTS, A.K./ATAImages

Слични содржини