Ново засилување на Барселона: 22-годишен Бразилец нов член на клубот

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилскиот фудбалер Емерсон е третото засилување на Барселона во новата сезона, соопштено е од клубот. Емерсон потпиша договор со Барселона во 2019 година, но како дел од договорот замина на двегодишна позајмица во Бетис.

Каталонскиот клуб сега го откупи неговиот договор за девет милиони евра, па 22-годишниот фудбалер ќе игра за тој клуб во следните три години.

Минатата сезона, десниот бек забележа 10 асистенции за Бетис, кој го освои шестото место во Примерата, а во новата сезона ќе игра во Лига Европа.

Во претходните два дена, Барселона донесе две засилувања, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, кои пристигнаа како слободни агенти, откако претходно играа за Манчестер Сити.

Една од главните цели на клубот ќе биде потпишување на нов договор со Лионел Меси, чиј договор истекува на крајот на овој месец. Долгот на Барселона се проценува на 1,2 милијарди евра.

Слични содржини