Новодијагностицирани 30 пациенти примени на инфективните одделенија, вкупно 283 се лекуваат

Само во изминатото деноноќие, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени деветмина оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти.
На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите четворица пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.

Слични содржини