Новогодишниот карван на Еуроникел Индустри во посета на децата од здравствени и образовни установи во Кавадарци и Возарци

од Nikola Popovski
Кавадаречкиот комбинат Еуроникел Индустри им подели новогодишни пакетчиња на штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби, за посебните паралелки со ученици во инклузија во ОУ Страшо Пинџур, како и за децата од основното училиште и градинката во Возарци. Додека пак, денеска на
31 декември, неколку часа пред да започнат новогодишните прослави претставници

на компанија ќе ги посетат децата во ЈЗУ Општа Болница, Кавадарци. Посета на детските здравствени и образовни установи Кавадарци и во селото Возарци за предновогодишните празници и носењето пакетчиња од страна на претставници на компанијата е редовна активност и долгогодишна традиција со која се зацврстува релацијата и односот со заедницата.

“Еуроникел Индустри е компанија каде се почитуваат и негуваат вистинските вредности и меѓучовечките релации. Токму затоа преку разни активности, а во рамките на нашата општествена одговорност, одржуваме блиски врски со заедницата и ги поттикнуваме хуманитарните, едукативните, еколошките и спортските процеси. Посебно секоја година во претпразничниот период преку посети на образовни и здравствени детски установи и со поминато квалитетно време во дружење со децата, се обидуваме да им ја доловиме новогодишна атмосфера и празничниот дух. Веруваме дека со нашите посети внесуваме малку радост и надеж дека се ќе биде подобро во Новата Година”, изјави Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел
Индустри.
Компанијата Еуроникел Индустри со својата поддршка е вклучена во сите локални активности, но6 посебно е посветена на грижата за децата, нивната добросостојба и целокупното подобрување на образовниот процес. Како дел од општина Возарци, Еуроникел Индустри има воспоставено блиска соработка со Месната заедница
Возарци како и со Еколошкото друштво Тисовец. Соработката меѓу компанијата и локалните власти и еколошкото друштво се проширува на повеќе области, преку поддршка на активности и манифестации организирани од друштвото или месната заедница. Преку дадена помош компанијата помогна и учествуваше во одбележување на празниците Мала Богородица и Водици, додели помош за одржување на фудбалскиот турнир, беше и дел од заедничката организација на Еко квизот што ги опфаќа сите основни училишта во Кавадарци.

Слични содржини