Новости: 20,7 отсто од вкупното население во Србија стекнало имунитет на Ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Најотпорни на коронавирусот се оние под 19 години, бидејќи резултатите од втората Национална студија за серопреваленца на САРС-КоВ-2 покажаа дека скоро секој трети, 31,8 отсто, во оваа возрасна група има IgG антитела на короната, додека 20,7 отсто од вкупното население се здобило со имунитет на ковид-19, пишува денес „Новости“.

Како што дознава „Новости“, врз основа на извештајот на студискиот тим на Институтот за епидемиологија, на ковид-19 пред овој, досега најсилниот, трет бран на епидемијата, 20,7 отсто од популацијата стекнале имунитет кон коронавирусот.

Ова беше утврдено на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства, односно вкупно 2.500 испитаници.

Кога се гледа вкупната популација, од САРС-КоВ-2 официјално најзаштитени се жителите на Крагуевац, Ужице, Чачак, Ваљево, Шабац, бидејќи скоро секоја петти, 23,1 отсто, во овие краеви имаат антитела кои ги штитат од ковид-19, пишува весникот и наведува дека во вториот бран на епидемијата, короната најсилно ги погодила Шумадија и западна Србија.

Студијата започна на 26 јуни, а наодите од оваа студија, спроведена од Институтот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Белград, со Институтот за примена на нуклеарната енергија (ИНЕП), допрва ќе бидат објавени официјално.

По Шумадија и западна Србија (23,1 отсто), јужна и источна Србија се водечки по имунитет со 21,8 отсто и Војводина со 18,8 проценти, додека Белград, иако е едно од најголемите жаришта од почетокот на епидемијата, особено во овој трет бран, е само на четвртото место со 16,9 отсто од оние кои развиле природен имунитет.

 

Слични содржини