Новото гласање за брегзит зависи од тоа кога Лондон ќе добие гаранции од ЕУ

од Vladimir Zorba

Датумот на новото парламентарно гласање за планот за брегзит на премиерката Тереза Меј ќе зависи од тоа кога нејзината влада ќе добие гаранции од ЕУ за да задоволи барања на Парламентот во Лондон, изјави денеска портпарол на Меј.

Тој додаде дека нема намера да се одложи брегзит ниту ќе влегува во процес со кој ќе се обиде да добие дополнителни гаранции од Унијата освен ако не смета дека може да ги добие.

– Мислам дека премиерката нема да одреди датум (гласање)….тоа што е важно е да се добијат гаранции што ги бара Парламентот, истакна портпаролот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ќе вклучи во дневниот ред на седница на шефови на влади оваа недела точка посветена на напуштањето на Велика Британија на Унијата. Тој нагласи дека тоа ќе биде в четврток.

– Нема да го предоговараме договореното, но сме подготвени да разгледаме што можеме за да олесниме одобрување на договорот од британска страна, појасни тој. – Времето истекува, затоа ќе ја разгледаме и подготвеноста во случај да нема зделка.

Слични содржини