Новото момче на Цеца е син на поранешен политичар и спортист

од Stefanija Kuzmanovska

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) е во врска со Богдан Срејовиќ (38), за што сведочат и заедничките фотографии што вчера ги преплавија медиумите. Она што е интересно е дека таткото на новото момче на Цеца е поранешен успешен спортист – Милош Срејовиќ.

Имено, татко на Богдан е Милош Срејовиќ, поранешен успешен спортист во дисциплината трискок, кој освои златен медал на Европското првенство во Прага во 1978 година.

Според „Новости“, тој станал најдобар спортист на Балканот таа година. Поради повреда, тој ја прекинал својата спортска кариера на дваесет и пет години. Завршил економски факултет и е член на Mense. Влегол во политиката во 1994 година, кога станал помошник министер за спорт.

Инаку, Богдан работи во угостителството многу години и е многу успешен во својата деловна активност. Тој има брак зад себе и е разведен скоро пет години, а од бракот ја ќерката Искра.

„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се одржа на роденденска вечера во ресторан во главниот град. И тогаш се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На самиот почеток, двајцата ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан, а пред тоа парот беше виден на Јахорина каде уживаа во зимската магија со друштвото… “, открива изворот за порталот Нова.рс, кој бил детално информиран за љубовната врска на Ражнатовиќ.

Слични содржини