Њу Орлеанс ги приземји „ракетите“, Мело со 9 поени во дебито

од Vlatko K

Кошаркарите од Њу Орлеанс го совладаа Хјустон со 131:112 како гости и ја започнаа силно новата сезона во НБА.

Ентони Дејвис ги поведе „Пеликанс“ со 32 поени, 16 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки и 3 блока, Никола Миротиќ додаде 30 поени, а Џулиус Рандал постигна 25 од клупата за победниците, кои постигнаа 53% од своите шутеви од игра.

Тимот од Тексас заостануваше од самиот почеток и не успеаја да се вратат во дуелот, откако немаа свој ден. Џејмс Харден постигна само 18 поени, додека Крис Пол додаде 19.

„Ние им дадовме лесни шанси, дејствувавме опуштено и не бевме на ниво. Сигурен сум, сепак, дека ќе се подобриме од меч во меч и сè ќе биде во ред“, рече „Брадата“.

Новото засилување Кармело Ентони очекувано се појави од клупата, откако запиша 27 минути на паркетот и иако ги реализира при првите два шута, до крајот постигна само уште еднаш, за да заврши со 3 од 10 од игра и со 9 поени и 4 скока.

Резултати од натпреварите во НБА:

Шарлот – Милвоки 112: 113
Детроит – Бруклин 103: 100
Индијана – Мемфис 111: 83
Орландо – Мајами 104: 101
Њујорк – Атланта 126: 107
Торонто – Кливленд 116: 104
Хјустон – Њу Орлеанс 112: 131
Сан Антонио – Минесота 112: 108
Сакраменто – Јута 117: 123
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 98: 107
Феникс – Далас 121: 100.

Слични содржини