Нухиу: Полициските униформи ќе добијат амблеми и на албански јазик

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека биле потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

– Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на Чулев му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а претходно повеќе години министер беше Оливер Спасовски.

Слични содржини