Њујорк ја враќа публиката на јавните манифестации: Воведена првата дигитална акредитација за вакцинирани

Воведена првата дигитална акредитација во Њујорк за сите вакцинирани граѓани, со цел да се овозможи безбедно одржување на концерти, натпревари и други јавни настани во присуство на публика.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо најави воведување на дигиталната акредитација наречена Excelsior, изработен во соработка со IBM, кој се добива бесплатно и на доброволна основа, и е прва ваква иновација во САД.

– Прашањето за јавното здравство и економијата беше погрешно поставено од самиот почеток, бидејќи одговорот мора да биде – и едниот и другиот – рече гувернерот Куомо, пренесува порталот Форбс.

Слични содржини