Њујорк: Мајка фрли две деца низ прозорец

од Vladimir Zorba

Мајка (24) од Бруклин денес ги фрли своите две деца низ прозорецот и скокна по нив, соопшти њујоршката полиција, а како што пренесуваат медиумите, само бебето е во критична состојба.

Жената, која тврдела дека е „уморна од тоа да биде сама“, ја фрлила прво својата ќерка стара четири недели, па двегодишното момче од вториот кат, а потоа и таа скокнала, пренесоа њујоршките медиуми.

Несреќата се случила напладне, а медиумите додаваат дека жената била без облека, како и нејзините две деца.

Надлежната служба ги пренесе во болница, девојчето е во тешка состојба, додека двајцата не се здобиле со повреди опасни по животот.

Според сведоците, кога паднала, жената не изгубила свест, ги грабнала децата и продолжила да ги повредува.

Очевидец додаде дека таа ја удрила главата на новороденчето во земја, поради што тој истрчал „ја прескокнал оградата и се борел со жената за да и го одземе новороденчето од рацете“.

Како што изјавил, таа во еден момент му се заблагодарила, но продолжила да зборува за тоа „колку е уморна од тоа да биде сама“.

Слични содржини