Њујорк стана 15-та американска држава која ја легализира марихуаната

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците во Конгресот на државата Њујорк усвоија закон со кој се легализира употребата на марихуана за возрасни, со што Њујорк стана 15-та американска федерална држава што ја легализирала таа дрога за рекреативни цели.

Законот беше усвоен со 40 гласа „за“ и 23 „против“.

Државниот обвинител во Њујорк, Летиша Џејмс, по гласањето рече дека легализацијата на марихуаната е императив на кривичното право и дека овој чекор е клучен за поправеден систем.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека едвај чека да го потпише законот, пренесува „Ројтерс“.

„Њјорк беше прогресивен главен град на оваа држава низ историјата и овој важен закон продолжува по тој пат“, истакна Куомо.

Слични содржини