„Њујорк Тајмс“ тврди дека Трамп не плаќал данок 10 години, тој вели измислица

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп не плаќал данок во последните 10 години, во периодот од 2000 година, објави „Њујорк тајмс“.

Во годината кога победи на претседателските избори и во првите години во Белата куќа, Трамп платил само 750 долари данок на доход, наведува весникот.

Во извештајот на „Њујорк Тајмс“ се опишани годините на Трамп за затајување данок.

И покрај заработката од најмалку 434,9 милиони долари во 2018 година, Трамп пријавил загуба од 47,4 милиони долари во неговата даночна пријава.

На брифингот во Белата куќа, Трамп ја негираше приказната и рече дека плаќа многу данок на доход.

„Лажни информации, целосно измислени“, рече Трамп.

Слични содржини