„Њујорк тајмс“: Украинските сили убиле ранет руски војник (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Њујорк тајмс ја потврди автентичноста на видеото на кое се гледа како украинската армија убива ранети руски војници, пренесува ТАСС.

– На видео објавено во понеделникот на Интернет, кое го потврди и Њујорк тајмс, се гледа како група украински војници убиваат заробени припадници на руската армија пред село западно од Киев, пишува американскиот весник.

– Сè уште е жив. Снимете ги овие окупатори. Види, тој сè уште е жив. Едвај дише, вели мажот, додека на видеото се гледа руски војник со јакна навлечена преку глава. Наводно Русинот е ранет, но се уште дише.

На видеото, објави Тајмс, се гледаат уште тројца руски војници кои лежат мртви во близина,  биле идентификувани со бели ленти кои обично ги носат руските војници. Еден од војниците има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб, се наведува.

-Војниците се опкружени со опрема и лежат на патот во близина на пешадиското возило, кое го користат руските десантни единици, вели воениот експерт Роб Ли.

Украинска новинска агенција објави дека оваа заседа е дело на „Грузиската легија“, група грузиски доброволци, која е формирана во 2014 година и која дошла да се бори во Украина, пишува Тајмс.

Се вели дека видеото е снимено северно од селото Дмитривка, околу седум милји југозападно од Буча. Претходно оваа недела се појави снимка на која се гледаат цивили убиени во Буча, а телата беа откриени по повлекувањето на руските војници. Украинските власти соопштија дека стотици цивили се убиени и откриени масовни гробници во градот.

 

Слични содржини