Њујорк Тајмс: Уште 62 милиони дози можеби се контаминирани?

Уште 62 милиони дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“ се во опасност, откако 15 милиони дози пропаднаа во фабриката во Балтимор каде се направени. Ако се покаже дека се контаминирани, тие ќе мора да бидат уништени.

Во февруари, работниците на „Емерџент Бајсолушнс“, компанија позната по производство на вакцини против антракс, несакајќи контаминираа 15 милиони дози вакцини „Џонсон и Џонсон“ мешајќи ги со „АстраЗенека“, уништувајќи го целиот контингент, објави „Бизнис инсајдер“.

Во меѓувреме, произведени се уште 62 милиони дози вакцина против Џонсон и Џонсон, но сè уште не се тестирани, па постои можност тие да бидат контаминирани, се додава во текстот на Тајмс.

Фабриката, која прави вакцини, но не ги пакува во шишиња, досега има произведено најмалку 150 милиони дози вакцини Џонсон и Џонсон.

Слични содржини