Њујорк застана: Снежна бура го погоди источниот брег на САД, прогласена е вонредна состојба (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Голема снежна бура го погоди источниот брег на САД, поради што летовите беа прекинати, центрите за вакцинација беа затворени, а животот во градот Њујорк е во застој.

Метеоролозите наведуваат дека за многу краток временски период во делови на Њу Џeрси и Пенсилванија, снежната покривка достигна висина од 48 сантиметри, а во градот Њујорк 43 сантиметри.

Вонредна состојба е прогласена во градовите Њујорк и Њу Џерси поради лошите временски услови.

Метеоролозите наведуваат дека бурата се движи кон Нова Англија.

Во следните денови беа најавени силни налети на ветер од 80 километри на час Бурата предизвика хаос во превозот во Њујорк, а градоначалникот Бил де Блазио најави забрана за патување, освен во случај на екстремна вонредна состојба од 06.00 часот, а државните училишта беа затворени.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо прогласи вонредна состојба во истоимениот град и во 44 други области.

Слични содржини