НУК: Кои тоа угостители и нивни претставници биле на средба со Бектеши?

Со кои тоа угостители и нивни претставници, Министерството за економиија организира средба со угостителскиот сектор кога официјалните претставници на најважната засегната угостителска индустрија и независната угостителска комора не беа поканети? На кого и од кога почна да смета гласот на независната угостителска комора која беше изолирана од овие преговори и договори за нови мерки за поддршка и помош на угостителската индустрија.

Јавно го прашуваме Министерот Бектеши која е причината што Независната угостителска комора (НУК) не е поканета на оваа средба на која како што е објавено во медиумите се дискутирала и кроела политиката за понатамошнaта владина помош и мерки за угостителската индустрија.

Независната угостителска комора е единствената независна самостојно и неполитичка специјализирана комора која има една единствена задача да ја претставува, унапредува, помага и поддржува угостителската индустрија и угостителите во Македонија.

Прашуваме која беше целта на вчерашната средба и прес конференција на која Министерството за економија по којзнае кој пат повторно се пофали за доделување на т.н. селективна финансиска помош со која од регистрирани 725 туристички агенции ќе добијат грант сите кои аплицирале во вкупен износ од 116.850.000 денари, на 197 категоризирани угостителски објекти – хотели ќе им се поврати во целост туристичка такса во висина од 120 милиони денари, додека од неколку илјади регистрирани угостителски објекти – ресторани, гостилници, пицерии, кафетерии, ноќни клубови кои секојдневно тонат во обврски и долгови барајќи начин како да ги сочуваат бизнисите ќе им се доделат едвај 60 милиони денари и тоа на 100тина т.н. ново категоризирани угостителски објекти наречени ресторани за свадби.

Она што овие ново категоризираните угостителски објекти не го знаат е планот за воведување на нова лиценца од наредната година за овие т.н. угостителски објекти – категоризирани ресторани за веселби, прослави – свадби со која лиценца Министерството за економија сака да воспостави нов ред и правила и ќе ги поврати сите средства од грантовите што ги додели на угостителскиот сектор.

Одговорот што во моментов недостасува е за кого навистина се наменети овие грантови и кои се новите и реномирани угостителски објекти кои ќе ги добијат. Недостасува и одговорот колку конкретно и кои се угостители аплицирале за категоризација на своите угоситителски објекти.

Очекуваме Министерството за економија веднаш јавно да ги објави сите што аплицирале за овие грантовите што ги дава Владата преку Министерството

Во минатите соопштенија напоменавме дека т.н. јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби не кореспондира со ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА затоа со нетрпение го чекаме моменотот кога Министерството за економија селективно и дискриминирачко ќе ги подели овие средства и ќе создаде услови со кои ќе создаде обврска на Владата и Министерството да исплати вакви грантови и на сите останати угостители и угостителски објекти кои поради пандемијата со COVID-19 беа затворени.

И да не заборавиме, каква е таа помош за ноќни клубови што министерот Беткеши упорно ја кажува во своите изјави. Навистина го замолуваме Министерот Бектеши да внимава во иднина во давање на свои изјави дека и ноќните клубови добиваат грантови и со тоа да создава забуна во јавноста дека ноќните клубови добиваат грантови кога сите знаеме дека ноќните клубови ВО ЦЕЛОСТ ИЗВИСИЈА од сите мерки и финансиска помош и поддршка од Владата и Министерството.

Благодарни сме на поддршката на Министерството за економија и залагањето на Министерот за недела да остане работен ден за угостителите меѓутоа го прашуваме Министерот дали сето ова e со времен карактер до средината на наредната година со кое ќе важи постојното законско решение додека започне да се применува ново решение со кое угостителите кои сакаат да работат во недела ќе треба да бараат нови дозволи – лиценци и оправданост на истото, нешто кое се крие од јавноста во моментот укажано во претходните изјави од министерот. (прилог 1 и прилог 2 изјави на Министерот од 30.11.2020 год.)

Очекуваме веднаш по објавувањето на ова соопштение Министерот да достави покана до Независната угостителска комора за јавна отворена средба на која ќе можат да присуствуваат и медиумите каде јавно ќе зборуваме за проблемите во угостителската индустрија и ќе можеме да ја презентираме нашата ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА до Владата и Министерството за економија за помош и поддршка за СПАС И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УГОСИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА.

Слични содржини