Њукасл донесе уште еден играч, плаќа 40 милиони евра на Лион

од Vladimir Zorba

БРУНО ГИМАРАЕШ наскоро ќе стане фудбалер на Њукасл. Англискиот премиерлигаш ќе му плати на Лион 40 милиони евра плус осум милиони преку можни бонуси за 24-годишниот бразилски играч за врска. Гимараеш е со бразилската репрезентација и денеска треба да направи лекарски преглед. Договорот ќе биде потпишан до 2026 година.

Гимараеш е третиот нов играч на Њукасл во зимскиот преоден рок, откако претходно клубот ги доведе дефанзивецот Киеран Трипие и напаѓачот Крис Вуд.

Да потсетиме, Њукасл го презеде Саудискиот јавен инвестициски фонд во октомври, со што стана клуб со најбогати сопственици во светот.

Гимараеш е во Лион од јануари 2020 година кога пристигна од бразилскиот Атлетико Паранаенсе за 20 милиони евра. Тој беше меѓу најдобрите играчи на Лион, постигнувајќи три гола на 71 натпревар. Интерес за него покажа и Арсенал.

Слични содржини