НУЛА активни случаи: Во овие единаесет градови нема болни од ковид 19

од Берта Китинска

Состојбата со ковид 19 полека се смирува.Вчера беа регистрирани три нови случаи на заразени со коронавирусот од направени 1.601 тестирања, 15 лица оздравени и двајца починати.

Во Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран нема ниту еден позитивен случај, додека пак во седум градови има само по еден активен случај.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Слични содржини