Помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, веќе е  во Скопје  и ги почна средбите  со високи владини претставници и со партиските лидери. КОи ќе бидат пораките, веројатно е јасно уште во најавата  за Нуланд од   Амбасадата на САД во Скопје

рака сад
„САД и ЕУ работеа заедно со политичките лидери во Македонија за да се оствари договорот од 2 јуни, според кој, партиите ќе ги ставаат интересите на земјата во прв план и ќе се посветат на евроатлатнскиот процес и демократските принципи. Во текот на посетата, помошникот државен секретар Нуланд ќе истакне дека договорот останува единствената основа за политичка резолуција на кризата“, соопшти амбасадата.

Утринава Нуланд имаше средба со со министерот за надворешни работи Никола Поповски, во имаче средбата со Али Ахмети,  а во 10.30 е со лидерот на опозицијата и на СДСМ Зоран Заев.

Срердбата со премиеорт  Никола Груевски и  по средбата со Заев а на крај завршува со 12.15 со Мендух Тачи.

Пред два дена, Нуланд и лично од форум во Дубровник им порача на македонските лидери да престанат да се расправаат.
„Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во ЕУ. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи, кои еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од САД, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност“, порача Нуланд.

Слични содржини