Почетна / Македонија / Политика / Нуланд потврдува дека е на страната на Хан, а двете страни на кризата да си се договорат за решението

Нуланд потврдува дека е на страната на Хан, а двете страни на кризата да си се договорат за решението

 Во очекување на официјалната изјава на Викторија Нуланд која ќе биде сооштена по средбата со Груевски јасно е дека нема нешто особено  ново освен разбирањето з апроблемот и ист став  на САД со ЕУ/

696e033e05466dad769f3e503340d28fc826ebdb

Интересот на Вашингтон  е во однос на евроатланските перспективи на Македонија што подразбира и стриктно почитување на извесни западни вредности и принципи кои се сериозно доведени во прашање особено по кризата со обелоденувањето на опозициските бомби. Таа нема да пристапи со поинаква стратегија за решавање на кризата од онаа која веќе ја спроведува ЕУ.Средби со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев веќе завршија. Официјалната изјава  и порака се очекува Нуланд да ја даде по средбата со Никола Груевски во Владата.novi_nuland

Како што е познато, веднаш по посетата на Нуланд, утре во Скопје ќе допатува еврокомесарот Хан за да го заокружи  долго очекуваниот политички договор за излез од кризата. Во меѓувреме во Брисел се поинтензивно се размислува за именување на специјален претставник на ЕУ задолжен да ја набљудува и гарантира имплементацијата на политичкиот договор за излез од кризата. Таа обврска од страна на САД си ја брши амбасадорот во Скопје Џес Бејли, и веројатно и ќе остане така без подигнување на нивото.

loading...