Од она што го слушнав на средбите со лидерите, верувам дека има волја да се надминат проблемите.  Сепак   американскиот помошник државен секретар,Нуланд  и премиерот Груевски немаа таква воља да одговараат на новинарски прашања. И Амеркиканците не сакаа да менуваат ништо особено во медиумскиот амбиент „среден“ од премиеорт Груевски, па пресот беа само изјави , иако можеше да биде и соопштение.nuland-640x320

Останаа уште неколку прашања кои треба да се решат и крајно време е да се најде решение за кризата, за да може да се врати Македонија на патот на евроинтеграциите, рече високата претставничка на Стејт департментот, Викторија Нуланд во изјавите по средбата со премиеорт Груевски и пред тоа со Ахмети и ЗАев. Гостинот  Викторија Нуланд порача дека е време да се реши политичката криза во земјата и тоа треба да се бара во основата на договорот постигнат во Пржино, на 2 јуни

Таа рече дека ги поддржува американскиот амбасадор Џес Бејли и еврокомесарот Јоханес Хан да ги зближат страните за земјата да се врати на правилниот пат. Нуланд додаде дека остануваат нерешени уште неколку прашања, во таа насока,  и го поздрави  утрешното доаѓање на Хан  како продолчеток на преговорите.novi_nuland

На крај посочи дека по сите средби со партиските лидери постои политичка волја да се реши проблемот.

Изјава даде и премиерот Никола Груевски, кој се задржа на добрите односи помеѓу двете земји и развојот на дополнителна соработа.

Конкретно за политичката криза, Груевски рече дека решение е можно само во правен, институционален и политички процес.

Слични содржини