Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и членката на И.О Рената Треневска Дескоска, денеска имаше средба со делегација предводена од помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, придружувани од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли.

zaev-nuland

Тема на разговорот беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори во Р.Македонија.

Zaev Nuland3

-Важно за граѓаните на Република Македонија е враќање на слободата и демократијата и обезбедување и заштита на човековите права. Во таа насока дејствува Социјалдемократскиот сојуз и инсистира на механизми што тоа ќе го овозможат, рече претседателот Заев.

На средбата е изразена согласност дека се неопходни промени за функционалноста на институциите, судството, медиумите, како дел од процесот на промена на партизираниот државен систем.Zaev Nuland2

Претседателот Заев констатираше дека договорот од 2-ри јуни предвидува решенија за критичните прашања и дека се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

 

Слични содржини