Нуредини: Апел до граѓаните да се греат со дрва и пелети

од Nikola Popovski

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оценува дека е можно да дојде до зголемување на аерозагадувањето оваа зима, поради големата енегергетска и економска криза. Тој упати апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата и да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.

-Сите сме свесни дека за жал, ќе употребуваме мазут и јаглен за да произведуваме струја. Тоа е состојбата на цела Европа, не е криза само кај нас. И во Германија ќе почнат да употребуваат јаглен и ќе имаат драстични мерки. Инспекторатите нема да влегуваат на приватни имоти, но сигурно ќе ги направиме потребните инспекции во фабриките и инсталациите, рече Нуредини.

Тој порача дека граѓаните можат да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.

Слични содржини