Нуредини доби понуда за помош во рамки на климатските промени од ЕК

Генералниот директор на Директоратот за клима на Европската Комисија, Мауро Петричионе денес оствари онлајн средба со македонскиот Министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

На средбата, како што информираа од Министерството, тема бил напреокот на земјава во развојот на климатските политики во насока на редуцирање на стакленичките гасови, потребната праведна транзиција кон чиста енергија и општо подобрување на животната средина.

Меѓудругото, Нуредини посочи и на чекорите кои ресорното министерство ги презема во насока на усогласување на својата правна и стратешка рамка со таа на ЕУ, како и за статусот на имплементацијата на препораките од страна на ЕУ во областа клима. Генералниот директор Петричионе пак, изрази подготвеност Директоратот за клима, во рамки на своите капацитети, да помогне во дообликувањето на конечното национално законско решение и страшката рамка за климатска акција.

Слични содржини