Нуредини: Фабриките најдоцна до 2023 ќе мора да постават нови филтри за помало загадување

од Viktor Jovanov

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во денешната емисија Топ тема изјави дека според истражувањата на минстерството најголемиот процент на загадување доаѓа од домашното затоплување и индустријата. Во однос на фабриките, Нуредини најави дека од идната година ќе се издаваат лиценци за кои фабриките ќе мора да постават нови филтри за воздух со што ќе се намали аерозагадувањето.

Побаравме имплементирање на нови вилтри за воздух, ќе се издава лиценца со која ќе фабриките ќе мора да ги променат филтрите најдоцна до 2023 година. Мора да бидеме по строги во контролата на индустријата и загадувањето. Ќе има стрикни регулации од идната година, вели Нуредини.

Министерот за животна средина исто така најави дека во тек е тендер за отворање на лабораторија каде ќе се испитуваат примероци од филтрите на фабриките за висината на загадувањето кое го прават истите.

-До сега министерството мора да им верува на лабораториите кои ги имаат фабриките. Како и секоја друга држава, мора да имаме своја лабораторија каде ќе се испитуваат примероци од фабриките во однос на загадувањето. Почнавме процес, моментално имаме дел од опремата, распишавме тендер и ќе продолжиме со акредитирање за лабораторијата. Се надевам дека во 2020 година ќе ја имаме. Ние сакаме да имаме наша лабораторија а не да им веруваме на фабриките, велу Нуредини.

Тој додава дека оваа година извршени се околу 2 илјади инспекции во индустријата од страна на инспекторите, но не е познато колку точно казни се изречени.

Слични содржини