Нуредини: Како министерство не сме издале дозвола за увоз на отпадни горива, нашата идеја е мазутот воопшто да не се користи во иднина

од Nikola Popovski

„Сите во Владата треба да се чувствуваме одговорни. Јас ве уверувам дека ние како министерство никогаш немаме дадено дозвола за увоз на отпадни горива. Ако некој го дозволил тоа, под лажна претстава дека е мазут, тогаш тоа е кривично дело“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за ТВ Сител.

Тој нагласи дека сите надлежни институции мора заедно да работат на ова и дека Владата бара расчистување зашто, рече, тоа е важно прашање.

„Ова е многу отровно гориво ако сме го гореле и тоа не смее да се случи. Нашата идеја е мазутот воопшто да не се користи во иднина“, рече Нуредини.

Во поглед на греењето и намалениот загаден воздух во земјата во оваа година, министерот посочува треба да се намали потребата за греење со нафта, дрво и пелети.

„Според Светска банка, околу 40-45 отсто од загадувањето доаѓа од загревањето на објектите. Втора причина се возилата и јавниот транспорт зашто просечна старост на нашите автомобили е 17 години, што е под Евро4-стандардот и третата причина“, рече Нуредини, е индустријата, за која се смета дека има удел во загадување од 17 до 20 проценти.

Слични содржини