Нуредини: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите во развој

од Nikola Popovski

Министерот Насер Нуредини денеска се обрати на првата сесија од Неформалниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Љубљана, посветена на меѓународните климатски преговори и патот до COP26, при што ја презентираше зголемената национално определена амбиција за редукција на емисиите на стакленичките гасови за 51% до 2030 во споредба со 1991, односно нето редукција од 82%.

Притоа, Нуредини ја истакна потребата за поддршка од страна на развиените земји за постигнување на одржлив развој на помалите економии и ранливите држави како нашата, особено од аспект на постигнување на праведна енергетска транзиција, јакнење на човековите капацитети и градењето на инфраструктура.

На денешната сесија на ЕУ министрите за животна средина, на која беа поканети и земјите кандидати за членство, се разговараше за одржувањето на лидерската позиција на ЕУ во климатската акција и се преговараше за преземање на соодветните чекори за овозможување на успешна конференција на земјите членки на Рамковната Конвенција за климатски промени во Глазгов, како и конечна операционализација на Договорот од Париз.

Слични содржини