Нуредини: Полека го учам македонскиот јазик, обврска е за мене

од Nikola Popovski

На прес конференција на која ги презентираше новите проекти и приоритети министерот за животна средина Насер Нуредини зборуваше на англиски јазик.

На новинарско прашање, зошто не зборува на македонски јазик, Нуредини изјавил дека полека го учи македонскиот јазик.

„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не е баш лошо да знаете, иако сум сигурен дека не зборувате. Што се однесува до мене, во иднина ќе зборувам и на македонски“, рекол Нуредини.

Тој додал дека разбира се од она што го прашуваат новинаритe на македонски јазик.

Министерот Нуредени одлично зборува англиски, германски и италијански јазик со оглед дека неговата професионална кариера се врзува за школувањето и  работата во Австрија, Германија и Велика Британија.

Слични содржини