Нуредини: Преживеаните од пожарот беа прегледани и од психијатар

од Nikola Popovski

Координаторот во тетовскиот ковид-центар, Гзим Нуредини денеска информираше дека 12 пациенти кои го преживеаа пожарот во модуларната болница биле прегледани и од психијатар.

-Луѓето се навистина трауматизирани од психичка природа и тие добија помош од психијатар. Кај нив е констатирано дека се работи за нормален стрес. Сите се во релативна добра состојба и се на кислородна поддршка. Очекуваме во наредните денови да бидат пуштени на домашно лекување, вели Нуредини.

За оставките во Клиничката болница во Тетово, тој вели дека за 2-3 дена ќе мора да биде назначен нов директор.

-Ќе видиме како ќе функционира болницата. Не може да остане без потписници оти има технички работи, лекарства, плати. Ќе ве информираме за 2-3 дена, додаде Нуредини пред новинарите.

Тој исто така информира дека нема починати од ковид-19 во последните 24 часа во тетовската болница, но дека има нови пет примени на болничко лекување и 75 амбулантски прегледи.

Слични содржини