Нуредини: Стечајниот управник на Охис го дал тендерот на фирмата за изнесување на отпадот

од Viktor Jovanov

Извештајот од истекнувањето на метил-акрилатот во Охис треба да се добие во секој момент. Го разгледуваме случајот темелно и сакаме точно да знаеме што се случило, вентилот бил многу стар. Исто така зошто стражарите не го пријавиле случајот, не сакам да шпекулираме го чекаме финалниот извештај. Во секој случај ќе продолжиме со истрагата. Инспекторите мора да бидат темелни во истрагате, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Министерот информираше дека моментално се испитува тендерот за фирмата која треба да се грижи за хемикалиите во Охис. Исто така тој напомена дека повикани се компании од меѓународната заедница кои имаат искуство со вакви проблеми.

-Договорот го склучил стечанјниот управник, повикавме интернационални компании кои имаат искуство со хемикалии за да се изнесе коректно отпадот . Исто така од меѓународната заедница имаат фондови со кои можат да не поддржат во тоа. Повикани се стручни лица да не информираат како во нивното минато искуство го решавале овој проблем. Апелирав да ни испратат експерти, да не подучат како да се справиме со оваа ситуација, вели Нуредини.

Министерот за животна средина истакна дека мора да биде затворен просторот во Охис и да не се дозволи граѓаните да влегуваат внатре.

-Мора да го затвориме и запечатиме местото да не се дозволи граѓаните да не влегуваат внатре. Овој простор мора да биде обезбеден и да се забрани за влез на цивили, вели Нуредини.

Слични содржини