Нуредини: За само 3 минути пожарот го зафати целиот ковид-центар

од Берта Китинска

Сите 12 пациенти  се во релативно добра здравствена состојба, немаат никакви кожни проблеми од пожарто.Лицата кои починаа имаа изгоретици од прв степен  и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши индентификација на лицата, рече утрово координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини.

Докторот објасни дека пожарот треле само три минути.

-Пожарот траел од три до 5 минути, за тоа време спасени се само 12 пацинети, вели Нуредини.

Тој појасни дека во моментот на несреќата лицата кои биле спасени и однесени на интерното оделение во болницата биле во подобра состојба и дека во моментов во Тетово бројот на заболени се намалува.

Во моментов има 57 хоспитализирани, 36 лица вчера беа прегледани и имаме еден почина, изјави Нуредини.

Слични содржини