Нурмагомедов со победа над Гејчи најави заминување во пензија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Хабиб Нурмагомедов го задржа максималниот ефект во ММА борбите (29 победи во исто толку борби) победувајќи Џастин Гејчи во дуелот на шампионите. Русинот потегот за победа го направи во втората рунда, кога со нозете направи зафат на вратот од Гејчи, кој немаше друг избор освен да се  предаде.

Нурмагомедов победата и титулата му ги посвети на неговиот татко, кој ја загуби битката со коронавирусот и почина пред неколку месеци. Тој најави дека за него борбата со Гејчи беше последна во ММА борбите.

-Разговарав со мајка ми и ѝ дадов збор дека борбата со Гејчи ќе ми биде последна, без разлика на исходот. Не можам да се замислам без татко ми и затоа се повлекувам. Се надевам дека уживавте со мене во ММА. – изјави Нурмагомедов.

За победата и брилијатната кариера во ММА борбите на Нурмагомедов му честитаа голем број на спортисти од целиот свет меѓу кои Кристијано Роналдо и неговиот лут ривал Конор Мекгрегор.

Слични содржини