„О2 иницијатива“ предупредува: Кај Аквадуктот се прави крос-патека за мотори

од Берта Китинска

Од еколошкото здружение „О2 Иницијатива“ велат дека се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

– Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината – соопшти преку ФБ, еколошката иницијатива „О2“.

Од страна на иницијативата беа објавени фотографии од тешки камиони кои во приколки носат покриен шут и градежен отпад. Еколозите го пријавиле случајот во надлежните поради опасност за културното наследство од римско-античкиот период.

Слични содржини