О2 иницијатива: Советот на општина Центар одлучува за суспензија на примената на ДУП Ц 08

од Vladimir Zorba

„Апелираме до градоначалникот ВЕДНАШ да го потпише пропратното писмо и сè друго што е потребно и ја заврши постапката за официјализирање на барањето за суспензија на примена на ДУП Ц 08 до Министерството за транспорт и врски, како што е задолжен од страна на Советот на општина Центар пред цели 4 месеци“, велат од О2 иницијатива во врска со локацијата спроти хотелот Холидеј Ин, поднесеното барање за градежна дозвола за првата кула и вчерашната седница на Советот на општина Центар.

„Градоначалникот НЕ Е носител на одлуката и како таков не смее да ја попречува процедурата со свое непостапување и одбивање да поднесе документ/и кој/и од него се бара/ат.

Ваквото попречување е спротивно со законот за локална самоуправа.

Советот на општина Центар е тој што одлучува за суспензија на примената на ДУП Ц 08, после добиеното мислење од министерот Бочварски“, истакнуваат оттаму.

🗣 Денес испративме апел до советниците на општина Центар,
Simonovska Cvetanka, Beti Dejanova, Biljana Churilova, Snezana…

Posted by O2 Иницијатива on Friday, April 16, 2021

loading...

Слични содржини