ОАЕ и Израел заеднички ќе градат бродови без екипаж

од Milan1

Компании од воената индустрија на Обединетите Арапски Емирати и Израел де еска во Дубаи потпишаа стратешки договор за заедничко производство на бродови без екипаж, способни за противподморнички дејства.

Воениот конгломерат „EDGE” од Емиратите и израелскиот „IAI” објавија партнерство на последниот ден од саемот за авијација во Дубаи.

Во заедничката изјава, компаниите нагласуваат дека ќе изградат напреден модуларен брод што може да се користи за воени и комерцијални цели. Договорот беше постигнат откако ОАЕ и Израел воспоставија дипломатски односи минатата година, во согласност со договорот кој исто така ќе им овозможи на САД да продаваат борбени авиони Ф-35 на Абу Даби.

Слични содржини