ОАЕ: Кинеската вакцина има ефикасност од 86 проценти

од Nikola Popovski

Обединетите Арапски Емирати ја одобрија употребата на кинеската вакцина против коронавирус, откако тестовите покажале ефикасност од 86%.

Арапскиот министер за здравство изјавил дека ја разгледал анализата на Синофарм, кинески државен производител на вакцини, што ги претставува резултатите од последната фаза на тестирање.

Патем, Синофарм претходно изјави дека нивната вакцина е 100 процентна ефективна во случаи на умерени и тешки форми на инфекции со Ковид-19 и дека не покажала потенцијално опасни последици.

Овие податоци се во секој случај политичка и научна добивка за Кина, која има уште три вакцини во последната фаза на тестирање, покрај оваа.

Слични содржини