Оаза за ТУРИСТИ во време на пандемија

од Stefanija Kuzmanovska

Додека поголемиот дел од Европа и остатокот од светот и понатаму стравуваат од нови бранови на коронавирус, Обединетите Арапски Емирати станаа оаза на слободата за туристите од целиот свет.

Градот со најголем туристички потенцијал во оваа земја, Дубаи, исто така ги прослави овие празници со скоро целосно исполнети хотелски капацитети и покрај пандемијата.

Многу славни личности ги искористија новогодишните празници за да ги „наполнат батериите“ во градот каде што во моментот не може да се забележи страв од коронавирус. Аеродромите веќе беа преплавени со туристи од Русија, Франција, Велика Британија и други европски и светски земји во првите денови од 2021 година.

На почетокот на 2020 година, Дубаи имаше своевидна „блокада“, исто како и другите градови низ светот. Сепак, во мај, градот започна со мерките за олеснување.

Емиратите започнаа програма за вакцинирање, а со тоа наскоро почнаа да пристигнуваат резервации во хотелите од сите делови на светот. Исто така, пазарот на недвижнини, кој беше во нагло опаѓање на почетокот на 2020 година, доживува нов раст.

„Дубаи ги отстрани сите пречки за пристигнување на туристите. Луѓето тука се чувствуваат безбедно и затоа се подготвени да дојдат“, рече Симон Кејсон, претседател на хотелски активности во Европа, Блискиот исток и Африка од групата Four Seasons.

На крајот на 2020 година, овој град забележа и нагло зголемување на побарувачката за хотелски капацитети, а на почетокот на декември капацитетите беа исполнети за 66 проценти.

Овој успех на Дубаи е резултат на работата на владата на Емиратите, која обезбеди значителни количини вакцини против коронавирус во последните неколку месеци, а како што истакнаа, целта е оваа година да се вакцинираат 70 проценти од населението.

Слични содржини