Објавено ВИДЕО од спасувањето на маж кој поминал 278 часа под урнатините

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачките екипи денеска од под урнатините го извлекоа 45-годишниот Хакан Јашиноглу кој поминал 278 часа под урнатините од разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои во понеделникот на 6 февруари ги погодија јужните делови на Турција, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница.

Бројни спасувачки тимови се уште трагаат по луѓето затрупани во урнатините на зградите по земјотресот во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе на југот на Турција и во пограничните области на Сирија.

Слични содржини