Обама и Ердоган телефонски разговарале за нападот во Суруч

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Барак Обама и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарале за нападот во Суруч.

mkd-206716

Според соопштението на прес-службата на Ердоган Барак Обама го осудил нападот и изразил сочувство за жртвите во самоубиствениот бомбашки напад, извршен од групата Исламска држава во Суруч, во кој загинаа најмалку 32 лица.

Обама, исто така, го осуди и убиството на двајца турски полицајци, за што презема одговорност забранетата Курдска работничка партија ПКК.

Двајцата лидери разговарале за потребата од зајакнување на соработката во борбата против ИД, потребата да биде обезбедена стабилност на Ирак и да биде најдено политичко решение на војната во Сирија, се посочува во соопштението.

Дел од разговорот меѓу двајцата претседатели бил посветен на зајакнување на соработката по иницијативите за зајакнување на безбедноста на турско-сириска граница, со цел да се спречи влегување на терористи.

Барак Обама специјално нагласил дека САД даваат големо значење на националната безбедност на Турција. Двајцата лидери, исто така, изразиле увереност дека ќе продолжат и во иднина да бидат во блиска соработка за проблемите во регионот./МИА

Слични содржини