Обама: Знаевме дека Русија ќе ја погоди Сирија, но стратегијата е несоодветна

од Vladimir Zorba

Во две телевизиски интервјуа во иста вечер претседателите на САД и Русија влегоа во индиректна полемика кој што  ја направиле во борбата против тероризмот и најмногу во Сирија.

20151012.xfntoixxur

“Знаевме дека Русија се подготвува да изврши воена помош на Сирија, бидејќи се плашеше дека режимот на Асад ќе пропадне”, рече претседателот на САД Барак Обама во интервју за програмата “60 минути” на телевизијата Си-Би-Ес.Така тој увери дека руската воена операција во Сирија не беше неочекувана за САД, бидејќи тие внимателно го следеле преносот на вооружената  помош на режимот на Башар Асад.Тој ја  опиша како несоодветна руската стратегија. “Додека Асад е на власт, ќе биде невозможно да се вклучат силите на умерената сириска опозиција во борбата против Исламската држава”, рече претседателот на САД.

Според него, проблемот во Сирија не може да се реши со воени средства, туку  само по политички пат со учество на сите клучни играчи. Претседателот потврди дека САД немаат намера да праќаат во Сирија копнени сили, но ќе продолжат со воздушните напади против ID.

Обама ги отфрли тврдењата дека САД  ги губат позициите  во Блискиот Исток, потсетувајќи  на   американски воени бази и авионите во регионот и над небото на Сирија и Ирак. Тој ги отфрли и предлозите САД да испратат во Сирија воени сили, истакнувајќи дека тоа само ќе доведе до смртта на уште американски војници и до трошењето на уште еден трилион долари.4449759

Русија троши значително поефикасно од САД средствата за борба со “Исламска држава “во Сирија, смета рускиот претседател Владимир Путин, кој синоќа даде опширно интервју за руската телевизија  РТР.” САД и ЕУ зборуваат дека се борат против тероризмот, а реални резултати немаат “, додаде Путин.

Според него САД првично ветуваат да подготват 12 илјади. војници   во борбата со “Исламска држава”, потоа прогласуваат дека ќе тренираат 6.000 луѓе, а на крајот успеваат да подготват 60 борци, од кои реално со исламистите се борат шестмина. “САД потошија половина милијарда долари за едно ништо. Ние сакавме би  ги потрошиле тие пари подобро за борбата против тероризмот “, рече Путин. Путин истакна дека не смее да има задршки  со американското разузнавање, бидејќи тоа се било во ред . Но, тоа не значело дека  се знае сè, и дека тоа е така соопштено  алудирајќи  за распространетата, но непотврдени информации дека 4 руски ракети, истрелани од Касписката  флотила биле паднати во Иран.

Слични содржини