Обамејанг ќе ја одбие понудата од Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг сака да ја одбие понудата која ја добил од Ал Хилал бидејќи се уште сака да игра во Европа. Клубот од Саудиска Арабија понуди да го позајми 32-годишниот Габонец до крајот на сезоната со опција да го купи на лето.

Сепак, според The ​​Athletic, Обамејанг е мотивиран да продолжи да игра во една од најдобрите пет лиги на континентот. Платата од 350.000 фунти неделно е факторот што може да ја блокира желбата на напаѓачот.

За него се вели дека се заинтересирани клубови од Серија А.

Обамејанг нема играно од 6 декември, откако беше отстранет од тимот и му беше одземена капитенската лента поради уште едно прекршување на дисциплинските правила.

Моментално тренира сам во различни термини од првиот тим.

Слични содржини