Обезбеден ЗАШТИТЕН СВЕДОК во врска со планот за ликвидација на Беливук

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалното обвинителство на Црна Гора обезбеди заштитен сведок во постапката против криминалната група што планирала ликвидација на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, неговиот пријател Марко Миљковиќ и наводниот водач на „кавачкиот клан“ Слободан Кашчелан, пренесе подгорички „Вијести“.

Оттаму наведуваат дека оваа информација им ја потврдил еден од адвокатите на одбраната, Дамир Лекиќ.

Адвокатот смета дека заштитениот сведок, и покрај тоа што со часови одговарал на прашањата на адвокатот, обвинителот и надлежниот судија во Вишиот суд, не делувал убедливо.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) го обвинува Јанко Вукадиновиќ дека од затворот Спушка на крајот на 2019 година, заедно со уште едно непознато лице, организираl криминална група.

Слични содржини