31
– Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека четири дена претходно бил нападнат 77-годишниот Г.Г. од Скопје во казино од страна на лица кои го обезбедувале објектот. Настанот се случил во 19:30 часот во просториите на објектот, информираат од МВР.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.