Обид за шверц на над 17000 таблети од Македонија кон Косово

од Nikola Popovski

МВР информира дека спречиле обид за шверцување поголема количина лекови од Македонија кон Косово.

-Пред два дена во атарот на село Јажинце, тетовско било забележано лице што носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници.

При преглед на теренот биле пронајдени пакетите, кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Слични содржини