ОБИД ЗА УБИСТВО НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР – Неговата резиденција цел на дрон наполнет со експлозив

од Vladimir Zorba

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими не е повреден во „обид за атентат со беспилотно летало“ ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти неговиот кабинет.

Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владините згради и странските амбасади.

– Резиденцијата на Мустафа ал Казими, кој не е повреден, е погодена од беспилотно летало со експлозив, се наведува во соопштението на неговите служби.

Два безбедносни извори претходно потврдија за АФП дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“, додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори одржани на 10 октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини